Почетна / Филм / „Prisoners“, „Julieta“, „San Anderas“ на Телма за почеток на декември
Вечерни филмови на Телма за период 29.11 - 4.12.2020

„Prisoners“, „Julieta“, „San Anderas“ на Телма за почеток на декември

Недела (29 ноември 2020) во 19.50 часот ќе се емитува норвешкиот трилер “Утоја”, снимен по вистинита приказна.

Токму кога мислат дека се безбедни и далеку од терористичкиот хаос во градот…се слушаат првите истрели. Тој ден повеќе од 500 млади луѓе беа во животна опасност. Дали светот некогаш ќе го заборави 22 јули 2011 година и грозоморниот масакр.

А за добра ноќ, по последните вести продолжува кинеска акција со Џеки Чен како “Големиот господар” на Истокот.

За крај на ноември, во понеделник на Телма следува акциониот трилер “Cops and robbers” од 2017-та година.

Полицискиот преговарач Мајкл започнува опсна игра на мачка и глушец. За да бидат нештата полоши, еден од заложниците е неговиот колега, а водачот на операцијата е проблематичниот брат на Мајкл.

Декември го започнуваме со шпанската драма “Хулиета” во режија и по сценарио на Педро Алмодовар. Една мајка и ќерка се одалечени, чувството на вина е големо но мајчинската љубов е уште поголема.

Хулиета во изведба на две актерки, во две фази од својот живот – Адријана Угарте како млада жена и Ема Суарез како постара, врвно се сменуваат во филмот и ја раскажуваат приказната за жената која љуби, нејзините стравови, жената која губи сé, и мажот и ќерката, и која бара да поврати нешто од животот и да го пронајде компасот во животот.

Како во сите големи филмови, и тука постојат неколку нивоа на приказната, постои приказната за односот мајка и ќерка, тема за семејните односи кои продолжуваат со генерации, за луѓето кои ги изневеруваат жените, за жените кои се обидуваат да воспостават рамнотежа во бракот, за реализацијата како мајка, за собарките кои ги крадат мажите.

Смртта која демне зад аголот во многу моменти и физичката неспособност да се справи со болката, се една од тезите во филмовите на овој шпански мајстор. Елегантното лиење на приказната, на карактерите, убаво снимен, врвно, филмот ни кажува дека во животот секогаш постои надеж.

На 2 декември (среда) во 22.40 часот, веднаш по последното издание на “Бекстејџ”, следува француски филм на Телма – “Хистерија”.

Во срцето на конзервативната Англија, еден млад доктор бара чаре за чудните симптоми на дамите во Лондон. Неговиот пронајдок ќе ги смени животите на безброј идни генерации жени.

Меги Гиленхал, Хју Данси и Џонатан Прајс во биографската комедија за откритието на вибраторот.

“Сан Андерас” e акционата авантура која ќе ја гледате во 22.40 часот во четврток на 3 декември.

Како последица на силниот земјотрес во Калифорнија, пилот на хеликоптер за спасување оди на опасно патување низ државата, со цел да ја спаси својата отуѓена ќерка.

И за крај на работната недела, следува криминалистичкиот трилер номиниран за Оскар – “Prisoners”.

За време на прославата на Денот на благодарноста, соседите и пријателите, Доверови и Бирчови забележуваат дека нивните ќерки се исчезнати.

Нивните родители сфаќаат дека тие се киднапирани. По неуспешната потрага на полицијата, таткото на едното девојче, Келер Довер (Хју Џекман) одлучува да ја превземе правдата во свои раце, спротивставувајќи му се на младиот детектив Локи (Џек Џиленхал), кој е задолжен за случајот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Волшебен ТВ амбиент со новогодишните филмови на локалните

За време на новогодишните и божиќните празници, Битолчани и останати од регионот, останете во своите …

error: Содржината е заштитена!