Почетна / Филм / Премиерно на Телма, филмови од КинеНова – викендов српска драма

Премиерно на Телма, филмови од КинеНова – викендов српска драма

Лидија работи за контроверзен градежен инвеститор. Нејзината задача е да контролира група градежни работници ангажирани на „диво“ на нешто што треба да наликува на активно градилиште. Работниците се незадоволни од неисплатените дневници и се обидуваат со сите средства да се изборат за своите права.

Нивните газди се обидуваат запуштен недограден објект да промовираат како атрактивна градежна инвестиција со намера да украдат пари од развојниот фонд. Како што се приближуваат до крајниот рок, влогот се зголемува. Ситуацијата се усложнува и борбата за работничките права станува борба за живот и смрт. Лидија треба да одлучи на чија страна е.

Во режија на Милош Пушиќ, а по сценарио на Душан Спасојевиќ, Иван Кнежевиќ, Милош Пушиќ оваа недела, 27 ноември на Телма во 19.45 часот следува филм од програмата на KineNova Film Festival 2022.

Улоги: Јасна Ѓуричиќ, Борис Исаковиќ, Предраг Момчиловиќ, Стефан Бероња Циле, Александар Ѓурица, Михајло Баџа Плескоњиќ, Бојана Милановиќ, Ервин Хаџимуртезиќ, Филип Ѓуриќ, Пеѓа Марјановиќ, Пеѓа Марјановиќ,

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саботна филмска ноќ на Телма со скандинавска воена драма

📅 сабота, 3 декември, Телма ⏰ 22:15 – Изборот на кралот Филмот е снимен во …

error: Содржината е заштитена!