Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Познатата водителка се враќа со „Најдобриот работник“ на Алфа

Познатата водителка се враќа со „Најдобриот работник“ на Алфа

Успешни приказни кои имаат за цел да ги мотивираат луѓето да бидат подобри, но и сите оние кои треба да ги вреднуваат. Секоја недела на Алфа ќе се емитува “Најдобриот работник” со Катерина Тодевска Спасиќ, која претходно ја знаевме како водителка на телевизиите Телма и Нова.

Наши работници, вашето време доаѓа. Заброавете на тапкање по рамо, работете за да постоите. Овојпат, Катерина во доста интересна емисија каде ќе претстави обични луѓе со обични и необични професии. Кој како успеал, и дали патот до успехот значи задолжително завршување на факултет или следење на сопствените желби? Децата треба да ги следат своите афинитети, а родителите се тие кои треба да ги поддржат нивните таленти и барања.

“Работник на неделата” може да биде и високообразован работник, но и таков што само ги следел своите соништа и затоа е ценет од околината. Секоја недела во 12 часот на Алфа, емисии за работниците и работодавачите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детското шоу „Тинтири минтири“ продолжува со 4. сезона на Канал 5

Нова сезона на Тинтири Минтири Шоу започнува да се емитува на Канал 5 телевизија. Нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!