Македонската публика ја запознава како Алаџа, главниот лик во летниот вечерен хит „Лузни“, но која е актерката зад ликот што го привлече вниманието на гледачите?

Станува збор за Џејда Џерен Едис (Ceyda Ceren Edis), име од новата генерација на турски актерки. Улогата на Алаџа е една од нејзините најзабележителни телевизиски улоги досега.

Животот на младата и сиромашна Алаџа драматично се менува откако станува жртва на киднапирање и ѝ е украден бубрегот, оставајќи длабоки лузни на нејзиното тело и душа.

Зад сето тоа стои нејзиниот богат биолошки татко, кому му е потребен донор. Оттука започна приказната исполнета со семејни тајни, љубов, измами и пресврти, а како ќе заврши, дознаваме во следниот период на Сител.

Пред „Лузни“, Џејда Џерен Едис се појави и во турскиот хорор-филм „Siccin 7“, а по Алаџа, актерката доби улога и во најновата традиционална серија „Halef: Köklerin Çağrısı“.

Интересно е што актерството не е единствената нејзина поврзаност со уметноста. Едис има интерес и за сликарството, кое го користи како начин да се опушти и да се оддалечи од напорните снимања.

Иако нејзината актерска биографија сè уште не е долга, улогата на Алаџа ја стави во центарот на една цела телевизиска приказна, а за македонските гледачи токму „Лузни“ е можност подобро да ја запознаат младата турска актерка.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
