Почетна / МК Сцена / Премиерен концерт на ,,Teen Camp” на отворено во Скопје

Премиерен концерт на ,,Teen Camp” на отворено во Скопје

Во организација на Авалон Продукција, премиерно ќе биде одржан првиот концерт на тинејџерскиот хит серијал ,,Teen Camp”, на отворено во Скопје, на 8ми јули на стадионот на АРМ.
Нé очекува спектакуларна вечер со Филип, Миха, Наташа, Сандра, Милош, Комбе, Дарија, Јана, Мила, Боно и останатите миленици од серијалот, во која ќе може да ги слушнете легендарните хитови изведени на голема сцена, со светска продукција, звук и светло.

Ако лани беше задоволство и императив Авалон да го претстават во живо проектот ,,Дајте Музика”, не само на нивните фанови туку на целата публика, задоволството оваа година е уште поголемо, да го претстават на истото место и спин – оффот, проектот ,,Teen Camp”.

Влезниците се веќе во продажба на продажните места во мрежата на ticketx.mk низ Македонија како и онлајн на ticketx.mk по следниве цени и категории:
ПАРТЕР: 400 денари
ФАН ПИТ: 600 денари (само 1.000 влезници во продажба)
Се гледаме на 8ми јули на Стадион на АРМ – добредојдени сте сите!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ретро интервју со Каролина : Убавината ја чувам во душата

Ретро интервју со супербрендот Каролина објавено во дневниот весник Дневник пред 24 години. Навистина времето …

error: Содржината е заштитена!