Почетна / Телевизија / Прекинати емисиите на Алфа, а вестите останаа без презентери

Прекинати емисиите на Алфа, а вестите останаа без презентери

Се повторува ли ситуацијата со Алфа што ја беше снашла во август годинава кога вработените беа во предупредувачки штрајк поради неисплата на плати?

Сега, средина на ноември, нешто налик истото. Вестите неколку дена се само со тон и инсерти, без новинарски прилози и без презентери, а со времетраење од десетина минути. Утринската “Добро утро секое утро”, дебатната “Што не е јасно” и контактната програма “Збор по збор” мистериозно ги снема од програмата, а наместо нив се репризираат македонски народни приказни и српски риалити емисии.

Новости нема ниту на веб сајтот на телевизијата. Последната вест е објавена пред три дена, од кога и редовната програмска шема е во прекин.

Ваквиот формат пред 3 месеци траеше кратко, по што навидум се стабилизира ситуацијата во Алфа. Но, дали и сега е истата причина и што во иднина ќе се случува со овој медиум, останува да почекаме и видиме.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За оваа есен, Алфа најавува ТВ содржина од ланската сезона?

На веб страната на телевизија Алфа не постои дел во кој ќе бидат претставени сите …

error: Содржината е заштитена!