Почетна / Серии / Фото | Љубовта од „Викторија“ ја пренесоа и во приватниот живот

Фото | Љубовта од „Викторија“ ја пренесоа и во приватниот живот

Харизматична и талентирана. Ја шармира публиката во телевизиската сага “Доктор Ху”, каде што три сезони ја глумеше Клара Освалд, сопатник на главниот јунак во патувањето низ времето.

Од серијата излегува поради помпезно најавуваниот нов проект – Викторија. Џена Колман е глумицата која го доловува ликот на познатата кралица покажувајќи го својот раскошен талент. Ја добива наградата “Златна нимфа” и добива прекрасни критики за интерпретацијата на прочуената владарка.

Главната улога во оваа историска драма бил голем предизвик за неа, бидејки истражувајќи го животот на кралицата, дошла до заклучок дека била исклучително тврдоглава жена, што на крајот и ја направила најмоќна владетелка…. Градењето на ликот одело постепено. Во втората сезона од “Викторија” што започна веќе на Телма, ќе видите една поинаква, искусна и мудра Викторија.

Колман е родена 1986 година и уште како девојче знаеле дека глумата ќе биде нејзинот животен избор. Позната е нејзината врска во Ричард Маден кој го глумеше Роб Старк во планетарно познатата серија “Игра на троновите”.

Пет години поминаа заедно, а новинарите беа постојано околу нив. Во момeнтот кога ќе ја прифати улогата во Викторија, влегува во романтична врска со Том Хјуз, кој во серијата го глуми принцот Алберт, нејзинот сопруг…

Хемијата меѓу нив била многу голема, па не е ни чудно, велат британските медиуми, што љубовта од екранот се пренела и во приватниот живот. Медиумите своевремемно пишуваа дека е во врска со принцот Хари.

Колман никогаш не потврдила, освен дека се добри пријатели.

Викторија, премиерно на Телма секој работен ден во 20 30 минути.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американскиот ситком „Судење и грешка“ репризно на Телма

Oд понеделник до петок на Телма во 11.30 часот ќе се репризира американскиот ситком “Trial …

error: Содржината е заштитена!