Почетна / Забава / Видео | Скопскиот џез фестивал од 14-ти до 17-ти октомври на МРТ 3

Видео | Скопскиот џез фестивал од 14-ти до 17-ти октомври на МРТ 3

Од 14ти до 17ти октомври ќе се одржи Скопскиот џез фестивал. Покрај квалитетната музика, главниот фокус на ова издание е максималната грижа за здравјето и безбедноста на посетителите, артистите и целиот организационен тим на фестивалот.

Скопски Џез Фестивал од 14. до 17. октомври со директен пренос на МТВ 3, не пропуштајте!

Скопски Џез Фестивал од 14. до 17. октомври со директен пренос на МТВ 3, не пропуштајте!

Gepostet von МРТ1 Промо am Freitag, 9. Oktober 2020

За таа цел, организаторите подготвија безбедносен протокол со кој се регулираат активностите и начинот на организација на концертите на Скопскиот џез фестивал во салата на Националната опера и балет, во согласност со Уредбите на Владата на РСМ за одржување на културни настани во затворени простори за време на пандемија.

39. Скопски џез фестивал ќе започне со концертот на двете големи балкански ѕвезди, македонскиот гитаристички маг Влатко Стефановски и бугарскиот виртуоз на кавал Теодосиј Спасов.

Нивната соработка датира од проектот Balkan Fever, по што имаа засилена концертна активност и снимија неколку изданија, а на Скопски џез фестивал ќе ги видиме повторно заедно по настапот во 2013 година со Македонска филхармонија и диригентот Кристијан Јарви.

По нив, истата вечер на 14 октомври, на сцената во НОБ ќе ги видиме водечкиот фламенко гитарист Хуан Гомез Чикуело, и со него славниот пијанист, композитор и иноватор Марко Мескида.

Втората вечер ќе започне со пијано рециталот на Матија Дедиќ. Тој во оваа пригода доаѓа со албумот „Матија го свири Арсен“ за кој во 2016 година доби шест награди „Порин“.

Следува специјалниот фестивалски проект на македонскиот композитор и џез гитарист Тони Китановски и неговиот МАЛ БИГ-БЕНД.  И, по ова следува првиот од трите онлајн концерти – оној на триото на Вилијам Паркер, за кого во The Village Voice ќе биде забележано дека е „најдоследно брилијатниот фри-џез басист на сите времиња“ кој има снимено 150 албуми, објавено шест книги бил ментор на стотици млади музичари и уметници. Со него ќе бидат исклучителната гитаристка, пејачка и композитор Ејва Мендез и тапанарот Џералд Кливер.

Во сабота, на 16 октомври, најнапред на сцената ќе ги видиме австријците РАДИАН. Сродни по стремежите, но во далеку поголема бројност, потем на сцената се очекува да се појават СВЕТЛОСТ + ОДРОН РИТУАЛ ОРКЕСТАР и во случајов со новата инкарнација во која покрај основното трио Нинослав Спировски, Дени Омерагиќ и Кристијан Новковски се и музичари како Мартин Георгиевски на електроника и гитара, Петар Христов – сопран и тенор саксофон, Константин Хаџи коцев на пијано и други.

И, по една таква понуда точка на случувањето се очекува да стави норвешкиот саксофонист Тригве Сеим, кој зад себе 22 компакт дискови под закрила на престижната издавачка куќа ECM Records, а и уште осум на кој се појавува како композитор, лидер на бенд или пак, ја дели улогата на водач на состав. Тој на овој ексклузивен стриминг перформанс од Осло сцената ќе ја дели со осуммина врвни тамошни музичари.

Во недела, на последната фестивалска вечер љубителите на џезот најнапред ќе имаат можност промотивно да го чујат материјалот од албумот на САШО ПОПОВСКИ ТРИО насловен како „Fallen Land“.

Следува концертот на квинтетот на Стефан и Лајонел Белмондо, легендарните француски музичари чии услуги на дувачки инструменти досега ги имале славни имиња како пејачката Ди Ди Бриџвотер, Мишел Легран, Гил Еванс, виолинистот Стефан Грапели …како и големиот бразилки композитор и пејач Милтон Нашименто. И, за крај уште едно ексклузивно онлајн доживување.

Директно од Њујорк,  – дуото што го чинат канадската пијанистка Крис Дејвис и германската саксафонистка Ингрид Лауброк кои, по бројните соработки и засебни проекти, ќе го претстават материјалот од својот прв заеднички албум.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

error: Содржината е заштитена!