Почетна / Сапуници / Реприза на италијанската мафијашка драма секој ден на ТВ 24

Реприза на италијанската мафијашка драма секој ден на ТВ 24

ТВ 24 по примерот на другите телевизии, реши летово да репризира една од своите прикажани серии. Од понеделник до петок во 21. часот ќе се репризира италијанската драмска серија “Прашање на чест” во која учество зедоа врвни италијански актерски имиња. Во продолжение ве потсетуваме како започна оваа приказна :

1956 година, семејството Фортебраџи од Сицилија решава да го продолжи својот живот на северот од Италија. Ја продаваат својата земја и тргнуваат на пат накај Торино. Паскуал, таткото на семејството е чесен и трпелив човек, кој можеби и би останал да живее на нивната земја доколку неговата горделива и амбициозна сопруга Ерсилија не би настојувала да се преселат во место во кое би ги челало подобра иднина. Ерсилија по дваесет години конечно дочекува напредна средина која би влијаела на понатамошен развој на нивните два сина, Тони и Санти.

Иако се браќа, Тони и Санти се сосема различни и различно се прилагодуваат на нови средини. Санти е срамежлив, интровертен и со железна волја, а верува во моќта на образованието како можност да стане нешто во животот. Па така во новиот кварт, посетува вечерна школа. Од друга страна, Тони е страствен, често го менува расположението, нестрплив е и сака сѐ да добие во еден момент, уверен дека честта и почитта се единствени вредности кои се исплаќаат да се чуваат до последен здив, по секоја цена. Со тој став, Тони станува водич на друштвото во квартот, но сега работите го менуваат својот тек, затоа што судбината решила да подели поинакви карти.

Пороците на големиот град, желбата за власт и мафијата која владее со квартот ќе влијаат да се случи голема трагедија во семејството Фортебраџи. Па така, браќата наскоро ќе се најдат на различни страни од законот.


Во новиот град, семејството ќе инвестира со парите од продадената земја, но мафијата наскоро ќе се замеша во нивниот бизнис и ќе го натераат дон Паскуал да изврши самоубиство. Од очај и тага, жена му полудува, па Тони решава да ја превземе одмаздата во свои раце. Сам со својата група ќе застане во борба против озогласената мафија Коза Ностра, затоа што трагедијата на фамилијата е нешто кое тој мора да го одмазди.

Па така, ќе ја натера Мелина, ќерката на мафијашот дон Пипо да се вљуби во него и да забремени. Тогаш ќе ја остави, а Мелина раѓа девојче кое го крштева по нејзиниот татко, Антонија. Откако дон Пипо е убиен од Тони, Санти решава да ја заштити Мелина и да се ожени со неа, така што ќе се грижи за малата Антонија.

Во меѓувреме, продолжува безмилосната одмазда на Тони и борбата со опасната мафија, борба која нема да бира средства, емоции и човечки животи… затоа што за Тони, таа борба и таа одмазда е само прашање на чест.

Улоги : Manuela Arcuri, Gabriel Garko, Virna Lisi, Giancarlo Giannini, Paul Sorvino, Ángela Molina, Vincent Spano

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!