Почетна / Филм / Урнебесна комедија и хорор со Морган Фриман во недела на Телма

Урнебесна комедија и хорор со Морган Фриман во недела на Телма

5 август на Телма – “7 дена слободни” и “Ловец на соништа”

 

Урнебесна комедија за двајца мажи, пуштени од ланец. “Седум дена слободни” ќе се емитува во недела на Телма во 13.15 часот, кога ќе ги запознаеме, Рик и Фред, двајца верни пријатели кои имаат потешкотии во бракот.

Еден ден добиваат неверојатно изненадување од своите сопруги- една недела да прават што сакаат. Уморни од брачните води, двајцата мажи ќе настапат кон голема акција – да ги остварат сите свои фантазии, но дали ќе успеат во тоа?  Режијата е на Боби Фарели, а актерската екипа ја сочинуваат Овен Вилсон, Џејсон Судејкис.

Вечерта, 22 часот во недела на 5. август, време е за научно фантастичен хорор. “Dreamcatcher” е американски филм од 2003 година, во режија на Лоренс Кесден. Улогите ги играат: Морган Фримен, Томас Џејн, Џејсон Ли итн. Филмот е снимен според истоимениот роман на Стивен Кинг.

Четворица пријатели изведуваат еден херојски чин при што тие потполно се менуваат, добивајќи мистериозна моќ. Секоја година, тие одат во шумите во Мејн, но оваа година е поинаку. Таму, тие среќаваат непознат човек човек, но подоцна откриваат дека тој не е единствениот. Во шумата ги зафаќа снежна бура. Тие се предизвикани да ја спречат големата побуна која се заканува да го уништи светот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!