Почетна / МК Сцена / Никола Мицевски со концертна промоција на „ERA“ во Битола

Никола Мицевски со концертна промоција на „ERA“ во Битола

Уште еден возбудлив проект на Авалон Продукција – концертната промоција на Никола Мицевски по повод неговиот извонреден нов албум “NEW ERA”. Првиот од неколкуте планирани концерти ќе биде одржан во неговата родна Битола на 9ти декември во Центарот за култура.

Проектот “NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.

Никола Мицевски, заедно со неколку познати инструментални и вокални солисти, во придружба на бенд од околу 15 академски музичари спремаат едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика!

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (16ти ноември) онлајн на www.avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон во Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова новогодишна песна за децата – поддржана од СОС Детско Село

На еден ден пред Новата година со радост и гордост беше промовирана новогодишната песна која …

error: Содржината е заштитена!