Почетна / Серии / Потсетување на аргентинската серија „Маргиналец“ на МРТ 1

Потсетување на аргентинската серија „Маргиналец“ на МРТ 1

Oд вторник (16 јуни 2020), по 23 часот, МТВ 1 ќе ја репризира уште еднаш аргентинската серија “Маргиналец”, која имаше осум номинации на престижните награди Мартин Фиеро во Аргентина, а ја доби онаа за најдобра мини серија и сценарист.

Во “Маргиналец” ја пратиме приказната за бившиот полицаец Мигел Паласиос. Под друго име и со лажиран судски процес, тој е наводно обвинет за криминал и затворен во Сан Онофре. Целта е да се инфилтрира меѓу затвореничката банда поврзана со стражарите и на тој начин да открие информации за киднапирањето на ќерката на судијата. Но, работите се менуваат кога Мигел ќе избега од затворот со цел да го врати стариот идентитет…

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата учат и се дружат со „Јана“ секое неделно утро на Канал 5

Секоја недела наутро во 10.20 часот, Канал 5 ќе ја емитува едукативната цртана серија „Јана“ …

error: Содржината е заштитена!