Почетна / Сапуници / Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија со дрога, кражба за пари, експлоатација и семејно насилство. Нова мексиканска теленовела од продуцентот Хуан Осорио Ортиз ја става токму оваа тема во центарот на приказната.

Содржина :
Младата готвачка Паз е љубезна и вредна девојка чиј сопруг Фермин ја одзема нивната новородена ќерка. Фермин има долг кон лихвари и за да го плати тој долг, решава да го продаде бебето на Мауро Николити.

Овој план е смислен од Гинебра, сестрата на Мауро. Таа ја изгубила ќерката при породување и прави сѐ за да ја замени и на тој начин да го задржи богатството на сопругот, лажејќи дека украденото дете е всушност нивно.

Шест години подоцна, Паз сѐ уште е со надеж дека ќе ја најде својата ќерка. Нејзиното семејство води ресторан наречен Коразон Контенто. Таа живее со надеж дека ќе ја пронајде својата ќеркичка, молејќи се само да е жива и здрава.

Вистинската ќерка на Паз сега расте во домот на Гинебра и Елијас. Гинебра ги убедила сите дека девојчето е нејзина ќерка. Самара, е сакана од нејзиниот татко Елијас, но омразена од Гинебра, која не пропушта прилика да ја малтретира.

Гинебра дури ќе се обиде да се ослободи од Елиас и Самара. Планот успева, нејзиниот маж умира, но не и девојчето.

Од друга страна, поради невнимание и одмазда, ресторанот на Паз е затворен, но во нејзиниот живот случајно се појавува убавиот и богат Естебан, кој и нуди можност за заработка така што ќе ја вработи како готвачка во неговиот дом.

Естебан Вила де Кортес е вдовец кој живее со своите три деца. Елвира Монкада, тештата на Естебан, го смета за одговорен за смртта на нејзината ќерка и сака да му го загорчи животот.

Судбината успева да ја донесе Самара во животот на Паз, а меѓу нив се раѓа врска на вистински мајка и ќерка. Романсата помеѓу Естебан и Паз се соочува со голем број предизвици, вклучувајќи ги нивните семејства, нивните сопствени емоции и противењето на злобната Гинебра и доња Елвира.

Од понеделник до петок во 13.45 часот. Термин за теленовели. Термин за “За љубовта нема рецепт”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!