Почетна / Сапуници / Понеделник и вторник на Сител – последни епизоди од „Бегалка“

Понеделник и вторник на Сител – последни епизоди од „Бегалка“

Во понеделник и вторник на Сител телевизија ќе бидат емитувани последните две продолженија од турската драма “Бегалка”.

Доаѓа ли крајот на маките за Нефес и почеток на еден нов, поубав живот со Тахир покрај нивното новородено бебе? Потребна беше голема храброст да се победи злото отелотворено во нејзиниот поранешен сопруг, а сега семејството Калели се на последна задача – конечна пресметка со злобниот Генџо.

Следува ли нова опасност за вашите омилени ликови во финалето на “Бегалка” или конечно затворање зад решетки на убиецот и криминалец?

Победа на доброто и среќа за бегалката во самиот крај од хит серијата со која се дружевте цела година. Проследете ги последните возбудливи случувања од приказната крај црното море.

А потоа, останете со Сител и со стартот на новата драма за “Девојката од прозорецот” која ќе ја замени вашата “Бегалка”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наскоро … серија за убавините и традицијата на Македонија

Среде Скопје Вардар врви, Вардар река распеана. Ој, Вардаре македонски од извора дур’ до Солуна. …

error: Содржината е заштитена!