Почетна / Филм / Најпознатиот оскаровец „Титаник“ вечерва на Сител телевизија

Најпознатиот оскаровец „Титаник“ вечерва на Сител телевизија

Поради изборите во Србија, вечерва нема да се емитува ново издание на шоуто “Никогаш не е доцна” во цел регион, па затоа на Сител телевизија ќе го гледате “Титаник”. Αмерикански љубовен филм режиран и напишан од Џејмс Камерон во 1997 година.

Дејството на филмот се одвива за време на патувањето и бродоломот на познатиот патнички брод Титаник. Ова е еден од најскапите филмови на сите времиња, а исто така го држи рекордот по број на освоени Оскари со 11 и рекордот во најголема заработка на киноблагајните во светот.

Главните улоги во филмот ги глумат Леонардо Ди Каприо како сиромашниот Џек Давсон и убавата Кејт Винслет како младата богаташка Роуз Девит Букатер. Набргу по запознавањето на бродот, овие двајца млади луѓе ќе се вљубат, но потонувањето на бродот ќе ги раздели засекогаш.

Вечерва на Сител по вечерните вести – Титаник.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историскиот трилер „Земја од соништата“ празнично на Телма

Во 1930-тите Тексас за време на депресијата, Јуџин Еванс живее со својата мајка и сестра …

error: Содржината е заштитена!