Почетна / Серии / Полициската акциона серија „Rookie blue“ во 23:30 часот на Сител

Полициската акциона серија „Rookie blue“ во 23:30 часот на Сител

По завршување на сезоната на “Чикаго ФД”, Сител телевизија од 17 февруари започнува со емитување на нова канадска серија. “Полицајци почетници” ги прикажува секојдневните возбудливи полициски акции на младите амбициозни полицајци кои се на самиот старт на својата кариера.

Во градот каде и најмалите грешки го носат човечкиот живот во смрт, овие млади луѓе ќе дадат сè од себе за да се докажат, но и да останат доследни до крај и исполнителни на нивните задачи.

За нив, грешките ќе бидат поттик да се продолжи понатаму, уште пожестоко, уште похрабро и посамоуверено. За овие петорица другари кои заедно јаделе, спиеле, пиеле и учеле на Полициската акдемија, ова е нов тест на животот.

Борбата со криминалот на улиците на Торонто ќе направи од нив поголеми луѓе и професионалци, а освен од 15-тата дивизија, очекувањата ќе следат и од пријателите и фамилиите. Време е полициските почетници да ја поминат најтешката обука, наречена живот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што се случува со Телма – репризи на серии во прајмтајм и тоа во сезона?

Серија во американско британска продукција на Телма во 20.30 часот – “Госпоѓицата Скарлет и војводата”. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!