Почетна / Филм / Незаборавен август со филмските хитови на FilmBox

Незаборавен август со филмските хитови на FilmBox

„Акционен парк“ е американска комедија од 2018-та година режирана од Тим Киркби. Инспирацијата за филмот доаѓа од актерот во главната улога, Џони Ноксвил, по гледањето на документарниот филм „Најлудиот забавен парк на сите времиња“, за еден акционен парк во Њу Џерси. Самото име на паркот, кој официјално е затворен во 2016-та година, е „Акционен парк“ и бил познат по своите лошо дизајнирани и крајно небезбедни возења, како и фактот што во истиот работеле малолетни работници и работници кои честопати биле под дејство на недозволени супстанци.

Во филмот, Ноксвил го глуми Карвер, сопственик на паркот кој е без никаква контрола и правила, и каде што возењата се дизајнирани со минимум безбедност за максимална забава. Во моментот кога неговата ќерка со која не е во најдобри односи доаѓа во посета, во близина на „Акционен парк“ се отвора корпоративен мега-парк кој автоматски ја загрозува иднината на паркот на Карвер. Со цел да го спаси својот бизнис, како и врската со ќерка си, Карвер и неговите вработени бунтовници мора да ризикуваат се.

Ако сте љубители на филмовите на Ноксвил или уживате во акциони-комедии налик класиците од 70-тите и 80-тите, не заборавајте да го гледате „Акционен парк“ на 21.08 во 21:00 на FilmBox Extra.

Во блиска иднина, во потрага по начин за решавање на пренаселеноста и глобалното затоплување, научник измислува процес на клеточно намалување, кој ја намалува височината на луѓето до 13 цм. Пол и Одри Сафранек, брачен пар од Омаха со финансиски проблеми, се среќаваат со Дејв и Керол Џонсон, кои веќе имаат поминато низ тој процес. Додека научниците тврдат дека намалувањето на човековата височина е еколошко преку намалување на отпадот, Дејв тврди дека придобивките од истото се протегаат многу подалеку од тоа и го подобруваат животот преку зголемување на вредноста на нивните пари. Истражувајќи ги можностите за намалување, Пол и Одри се согласуваат да го поминат процесот и да се преселат во градче во Ново Мексико, кое е една од најпопуларните заедници за мали поединци.

Филмот „Downsizing” премиерно се прикажа во 2017-та година на 74-от Интернационален филмски фестивал во Венеција, и истиот е еден од најскапите филмови на Александар Пејн со буџет од околу 68-76 милиони долари. Во главните улоги се јавуваат Мет Дејмон, Кристоф Валц, Хонг Чау и Кристен Виг.

И покрај тоа што мислењата на критичарите за филмот биле прилично поделени, тој сепак беше избран за еден од десетте најдобри филмови за 2017-та година, додека Чау заработи номинација за најдобра споредна женска улога на 75-те награди „Златен Глобус“.

На 28.08 во 21:00 гледајте го „Downsizing“ на FilmBox Extra.

Мег Рајан и Тимоти Хатон заедно глумат и во филмот „Француски бакнеж“ (1995), чиј што заплет е сличен на „Месечина“- тој ја остава за друга жена и таа се обидува повторно да го освои.

Во „Месечина“, Луиз (Мег Рајан) игра успешна адвокатка која сака да го спаси веќе неуспешниот брак со својот сопруг Иан (Тим Хатон). Таа одлучува да го изненади во нивната викендица, но брзо сфаќа дека таа е всушност изненадената. Луиз сфаќа дека Иан ја подготвил викендичката за романтичен викенд со неговата љубовница Сара (Кристен Бел). Кога Иан предлага да се разведе, Луиз ја отфрла идејата и го врзува за столче со цел  да разговараат. Работите излегуваат од контрола со појавувањето на Сара, како и по обид да бидат ограбени.

Во 2006 година, една година пред снимањето, сценаристката Адриен Шели била убиена во Њу Јорк откако фатила маж, кој провалил во нејзината канцеларија, како и краде пари од чантата. Нејзиниот вдовец, Енди Острој, е всушност продуцент на филмот.

На 31.08 вреди да се опуштите по августовските жештини со режисерското деби на Шерил Хајнс – „Месечина“ во 21:00 на FilmBox Stars.

За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува SPI International, а се достапни на А1 операторот како и на Neotel, Intel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

error: Содржината е заштитена!