Почетна / Живот / Почнува 10-тиот фестивал за народна култура „Пображење“ во Вевчани

Почнува 10-тиот фестивал за народна култура „Пображење“ во Вевчани

Во Вевчани започнува 10-тиот по ред Фестивал на народна култура ,,Пображење” во организација на Културно Уметничкото Друштво ,,Дримкол” од Вевчани.

Оваа година поради пандемијата со Корона вирусот, програмата е редуцирана и прилагодена во согласност на новонастанатата ситуација и ќе се реализира под строги мерки и протоколи пропишани од министерството за здравство. Но, и покрај ваквата ситуација, организаторот во чест на десет годишниот јубилеј најавува програма како што му доликува на нивото на Вевчани и на овој фестивал. Фестивалот ќе започне на 17.август 2020 во 19,30 часот со свечено отворање во центарот на Вевчани со Вевчанските зурли и топани и Пејачката група Каданка.

На отворањето ќе се обрати Проф.Др.Мирјана Мирчевска, етнолог/антрополог, член на организациониот одбор на фестивалот. Веднаш по свеченото отворање, во 20,00 часот на анфитеатарот во Вевчани во дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица ќе биде отворена изложбата ,,1000 години Бигорски Манастир” на која ќе бидат прикажани избор од најстарите и уникатни икони на нашето големо македонско духовно светилиште, Бигорскиот манстирот ,,Св.Јован Претеча,,.

Утре пак, 18 август на спортското двориште од 20,00 часот ќе биде вечер посветена на традиционалната музика и песна на која ќе настапи Ансамблот Македонија со презентација на чалгиската, вокално – традиционалната и зурлаџиско – тапанџиската традиција на нашата земја. Бидејќи бројот на седишта ќе биде според пропишаните протоколи и ограничен за публика, организаторот ценејќи го секој Вевчанец и својата драга публика каде и да е, овозможи директен пренос online преку youtube kanalot на КУД,,Дримкол како и преку регионалниот кабловски оператор.

Фестивалот завршува во среда со третата фестивалска вечер на празникот Преображение Христово во 20,00 часот на националната телевизија НАША ТВ како и со како Online фестивалска програма на која ќе учествуваа: КУД “Дримкол”- Вевчани, КУД ,,Светозар Марковиќ“- Србија, “Ансамбл Македонија“, “La Capouliero“- Франција, КУД “Илинден“ – Битола, Tierra Mestiza – Мексико, ФС “Блажевски“- Скопје. Оваа година во програмската содржина: Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници, учесник ќе биде ликовниот сликар и ликовен педагог Даниел Тодоровски од Кратово.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тажна вест | Почина Љубисав Иванов – Ѕинго, првиот човек на Силекс

Во 84та година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз …

error: Содржината е заштитена!