Почетна / Сапуници / ТВ Времеплов | Ве потсетуваме на епохалната серија за „Лусесита“

ТВ Времеплов | Ве потсетуваме на епохалната серија за „Лусесита“

Ве потсетуваме на една дамнешна епохална теленовела емитувана на Скај Нет (Скопје) и локалните телевизии ширум земјава во 2002 година.

“Лус Марија” е перуанска историска теленовела која долови дел од минатото во Перу, а за таа екранизација беше заслужна Делиа Фиало, која ја создаде прикзната за Лусесита, девојка од селото која стана богата наследничка. Во “Лусесита”, главните актери ги толкуваа колумбијката Енџи Цепеда и перуанецот Кристијан Мејер.

Уште на почетокот се запознаваме со Лусесита, млада и наивна девојка од планините, без култура, но со доста шарм и добрина, која во планинскиот крај го среќава Густаво, кој се обидува да ѝ ги земе алиштата, додека таа се капе во реката. Првата нивна средба поминува лошо, по што Густаво заминува во Лима каде живее и работи.

За Лусесита доаѓаат тешки денови; нејзината мајка умира, а таа мора да замине во Лима да побара засолниште кај Модеста, пријателката на нејзината мајка. Модеста работи како готвачка во богатата вила на семејството де Мендоза. Таму девојката започнува да работи како слугинка, не знаејќи дека всушност е ќерка на богатиот сопственик, дон Мигел.

 Во новото семејство, Лусесита ја придобива довербата на нејзиниот вистински татко и баба, почнува да се образува, но ја дознава и вистината за своето потекло…со што предизвикува гнев кај нејзината маќеа и полусестрата.

За разлика од неа, нејзината полусестра Ангелина е префинета, каприциозна, посесивна и самоуверена девојка, која глуми дека е парализирана за да предизвика сожалување кај најблиските и да остане со својот сопруг Густаво, кој пак е вљубен во едноставниот живот и природата. Поради тоа, Густаво и Лусесита се вљубуваат и покрај непријатната средба што ја имаа во планините.

Серијата го прикажува периодот од 1894 до 1990 година во Перу, а се прикажани и автентични случки од Граѓанската војна во Перу низ приказната за Лусесита.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Феноменот “Кога лисјата паѓаат” доби нова надсинхронизација на Алфа

Eмотивната семејна драма прикажувана во 2010 и 2011 година на најгледаната телевизија А1 повторно на …

error: Содржината е заштитена!