Почетна / Филм / „Page one inside The New York Times“ премиерно на Телма

„Page one inside The New York Times“ премиерно на Телма

Возбудливиот документарен филм на Ендрју Роси “Прва станица – Њујорк Тајмс одблиску” имаше светска премиера на филмскиот фестивал Санденс. Во традицијата на одличните документарни филмови, филмот вешто добива невиден пристап до редакцијата на Њујорк Тајмс и до внатрешните работи на Медиа Деск.

Со оглед на тоа што Интернетот го надминува печатените медиуми, нашиот досегашен главен извор на вести, а весниците низ целата земја банкротираат, филмот ја прикажува трансформацијата на медиумската индустрија во време на најголемите превирања.

Писателите како Брајан Стелтер, Тим Аранго и остриот Дејвид Кар, ја следат метаморфозата на печатеното новинарство, додека нивниот весник се бори за живот. Нивните уредници и издавачи се борат со актуелни прашања како контроверзите на новите извори и импликациите на онлајн платежните медиуми, додека ригорозното новинарство напредува.

Овој документарец ни дава одблиску поглед на енергичните дебати, соработката меѓу редакциите и вештото објавување на страниците на најпочитуваниот весник во Америка.

Не го пропуштајте првиот дел на Телма во четврток во 20.20 часот и вториот дел во петок во 20.20 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Психолошкиот трилер „Мојот ангел“ во недела на 16 јуни на Телма

Лизи Менинг е разведена и емотивно нестабилна жена која се бори за старателство над својот …

error: Содржината е заштитена!