Почетна / Серии / По Телма, и локалните телевизии ќе ја емитуваат британската “The Missing”

По Телма, и локалните телевизии ќе ја емитуваат британската “The Missing”

Откако беше неколкупати емитувана на Телма, сега британската крими серија “The Missing” – доаѓа и на МТМ и локалните телевизии. Секоја недела во 22 часот на прва скопска МТМ (реприза во понеделник во истиот термин), потсетете се на случувањата од двете сезони.

Приказната започнува во 2006 година кога Емили и Тони Хјуз со својот петгодишен син Оливер заминуваат на одмор во Франција. Оли и неговиот татко, по пливање, одат во барот да земат нешто за пиење. Таму е преполно со луѓе кои еуфорично го следат четврт-финалето на Светскиот куп меѓу Франција и Бразил. Тие се обидуваат да се пробијат во гужвата, но…

…одеднаш Оли не е таму. Тони почнува да се развртува, панично да го бара на сите страни, да го довикува, неговиот глас станува сè поочаен и веќе почнува да се губи меѓу среќната и разулавена толпа, која го слави големиот спортски триумф.

Потрагата по Оли ја почнува полицијата, но потоа таа станува потрага на таткото по својот син, со помош на француски детектив во пензија. Тони не може да запре со потрагата, дури и по неколку години. Тој не се ни обидува да продолжи со животот, за него ништо повеќе нема смисла, освен да бара, бескрајно да трага, до исцрпување затоа што целото негово постоење е сведено на склопувањето на мозаикот околу исчезнувањето на синот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mоторските банди ќе нѐ потсетат на „Тајна задача“ на МТВ 1

“Тајна задача” е американска мини серија која нѐ води во светот на мотористите, и тоа …

error: Содржината е заштитена!