Почетна / Серии / Видео | По А1, А2 и Телма, наскоро и МТВ ќе ја емитува “Friends”
Oд октомври следуваат секојдневни дружби со вашите "Пријатели"

Видео | По А1, А2 и Телма, наскоро и МТВ ќе ја емитува “Friends”

Најпопуларниот ситком “Пријатели” наскоро и на Македонската телевизија. Хероите на многу генерации повторно ќе ве дружат секојдневно на малите екрани во урнебесните ситуации, хумористични авантури и незаборавни дијалози.

Шест лика кои станаа феномен на популарната култура. Глумци кои се сметаат за едни од најплатените во телевизиски серии. “Френдс” е комедијата која со голем успех се емитуваше на А1 телевизија, за потоа репризно да ја прикажат и А2 и Телма. Сега, една од најгледаните серии во светот повторно во Македонија, 25 години откако беше емитувана за прв пат во Америка.

Песната на најавната шпица на серијата „I’ll be there for you“ од бендот Rembrandts, стана огромен хит насекаде во светот за многу кратко време, а актерите од анонимуси станаа големи ѕвезди.

Пријатели – наскоро

Феномен на поп културата, херои на многу генерацииОвде само на прва 10 те сезони на ПРИЈАТЕЛИ чекаат на вас, 25 години смеа и забава! НАСКОРО НА МТВ1

Gepostet von МРТ1 Промо am Donnerstag, 26. September 2019

 

Подгответе се за повторна дружба со вашите омилени Рејчел, Фиби, Моника, Чендлер, Џои и Рос. Еднаш пријатели, засекогаш пријатели.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициската серија „White collar“ секој работен ден на Нова С

Од 15 октомври во 20 часот на кабловската Нова С започнува нова американска возбудлива акција. …