Почетна / Серии / Мини серијата за најголемата бродска несреќа репризно на Телма

Мини серијата за најголемата бродска несреќа репризно на Телма

 

Од понеделник до петок во 7 наутро – “Титаник – крв и челик”

 

„Титаник: Крв и челик“ е телевизиска серија, снимена со буџет од 30 милиони долари за 12 епизоди, која премиерно и ексклузивно во Македонија беше прикажана во 2013 година на Сител телевизија. Сител телевизија успеа меѓу првите телевизии во светот да ја откупи серијата за најпознатиот брод кој ја доживеа најголемата несреќа, а минатата година, ТВ Телма ја репризираше. Но, по емитувањето на Телма, сега следи на ред реприза во утринските часови.

 

За разлика од сите досега видени филмови и серии поврзани со најголемата бродска несреќа во историјата, оваа серија не се концентрира на моментот на потонување на Титаник, туку на моментот кога тој почнал да се гради. Ова е приказна за луѓето кои се одговорни за неговиот дизајн и градба. Иако дејствието се одвива во Белфаст, голем дел од сцените се снимени во Белград и Крагуевац.

 

Главните улоги ги играат: Kevin Zegers, Liam Cunningham, Alessandra Mastronardi, Derek Jacobi, Neve Campbell, а несомнено дека големо внимание привлече и Chris Noth, познат по улогата на Ѕверката од серијата „Сексот и градот“. 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …

Leave a Reply