Почетна / Забава / Урбан рекорд потпиша партнерски договор со српската “IDJ Digital”

Урбан рекорд потпиша партнерски договор со српската “IDJ Digital”

Продукцијата  Urban Records која на голема врата го донесе новиот модерен стил на музика и звук кој е многу добро прифатен помеѓу младите во државава и во соседна Србија и Бугарија, потпиша партнерски договор со “IDJ Digital” – водечки дигитален дистрибутер за Источна Европа и Јадранскиот регион, лоциран во Белград.

 Тие се лидери во регионот за медиумска промоција и дигитална продажба и дистрибуција и како компанија работат за издавачи и големи стриминг платформи  како што се Spotify, Apple Music, Deezer, Amazon, како и мрежата на YouTube.

Од тука произлегува фактот дека сите ексклузивци на продукцијата како што се Два Бона, Таско, Тракер и други, ќе ја имаат можноста да бидат медиумски промовирани на телевизиите и радио станиците низ целиот регион. Урбан Рекордс  најавуваат  многу  новитети и уште поголеми  соработки на артистите со многу балкански ѕвезди.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …