Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Париска кујна со Триш“, ново викенд кулинарско шоу на МРТ 1

„Париска кујна со Триш“, ново викенд кулинарско шоу на МРТ 1

Од оваа сабота (13 јуни), гледајте го извонредното кулинарско шоу „Париска кујна со Триш“ во 17:45 часот на МРТ 1. Експертот за француската кујна со вас ќе ги сподели своите најпопуларни рецепти, па затоа подгответе се за една вкусна авантура.

Во оваа возбудливо шоу за готвење, Триш Десин нè носи на инспиративно и вкусно патување преку кое дознаваме што францускиот народ сака да готви, да јаде и како живее. Триш првпат заминала во Париз пред 20 години од родниот Белфаст. Таа брзо открила дека храната, јадењето и готвењето се длабоко внесени во француската психа, па решила на некој начин тоа да го “искористи”.

 „Француската Марта Стјуарт“ или ирското торнадо, како што ја нарекуваат оваа писателка, гурманка и вљубеничка во храната ќе ви покаже како да готвите со самодоверба и стил како Французинките. Во текот на кулинарското шоу, ќе видиме како точно, водителката и готвачка се справува со француските деликатеси, како што се фои грас, тартуфи и јастог.

Оваа емисија го истражува срцето на секој француски град и бистро преку што учиме како да подготвиме класични јадења со помош на Триш и готвачите.

„Париска кујна со Триш“ во 17:45 часот

🔴 Ново на МТВ 1Од оваа сабота гледајте го извонредното кулинарско шоу „Париска кујна со Триш“ во 17:45 часот. Експертот за француската кујна со вас ќе ги сподели своите најпопуларни рецепти, подгответе се за една вкусна авантура! 🍓🍔🍕🥩🥫

Gepostet von МРТ1 Промо am Mittwoch, 10. Juni 2020

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојне и пријателите во музичко шоу во недела во 16 часот на Алфа

Фолкерката Стојне заедно со нејзината продукција “Мојсо” подготвив музичко шоу за сите оние кои ја …

error: Содржината е заштитена!