Почетна / Серии / За љубителите на Марвел сериите, доаѓа „Дердевил“ на Нова С

За љубителите на Марвел сериите, доаѓа „Дердевил“ на Нова С

Нова Нетфликс серија на кабловската Нова С, секоја сабота во 20 часот. Приказна за Мет Мурдок, слеп адвокат (чии останати сетила се натприродно развиени) ќе мора да стане „Ѓаволот“ за да го спаси својот град од тонење во пеколо. Акциона драма за љубителите на Марвел стриповите и сериите.


Приказната започнува со сообраќајна несреќа, каде што едно мало момче е повредено. Тоа сакајќи да спаси еден старец, останува без својот вид. Дејството нè води многу години подоцна, кога момчето е веќе возрасен човек.

Мет Мурдок е сè уште слеп, но проблемот со неговиот вид не го спречува да го живее својот живот нормално и да продолжи со спасување на оние луѓе чии животи се во во опасност, исто како старецот во сообраќајката кога тој беше само дете.
Мет можеби е силен херој за време на ноќта, но преку ден тој е само еден обичен адвокат кој се обидува да отвори канцеларија со својот партнер Фоги.

Она што го издвојува Мет од останатите адвокати е неговата способност да почувствува дали одредена личност лаже или не. Неговиот изострен слух, поради недостатокот на видот, му овозможува да го чуе отчукувањето на срцето на неговите клиенти и на тој начин открива дали тие ја говорат вистината. И покрај тоа што е слеп, понекогаш тој гледа многу повеќе од другите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгиската верзија на познатата „La casa de papel“ на Сител по полноќ

Од понеделник до петок во 00.30 часот на Сител место “Тhe Librarians” ќе се емитува …

error: Содржината е заштитена!