Почетна / Серии / Шведската крими серија „Злосторства од страст“ во 22 часот на МТВ 1

Шведската крими серија „Злосторства од страст“ во 22 часот на МТВ 1

 

“Злосторства од страст” – нов шведски трилер на МТВ 1

 

 

Серијата е работена според криминалистичките романи на познатата шведска писателка Марија Ланг, а дејството се одвива во волшебно убавата и автентична шведска област Бергслаген. Секоја од епизодите е одделна криминалистичка приказна во која ги следиме животите на двата главни лика, додека истражуваат убиства, кои се секогаш злосторства од страст. Низ серијата ќе ги проследиме животите и настаните на интересните ликови во овој возбудлив трилер, проткаен со љубов, интриги, секс, тајни, предавства и убиства. 

 

Во првата епизода, еден професор ја поканува Пук да го прослават празникот во неговата викендичка на еден остров. Меѓу поканетите пријатели е Ејнар Буре, со кого Пук е во тајна врска, и само заради него ја прифатила поканата. Во убавата и заводлива летна ноќ, се зголемуваат еротските тензии меѓу гостите на островот. По романтичниот излет со Ејнар, Пук открива дека една од гостинките е убиена. Што ќе се случува понатаму, гледајте на првиот канал на Македонската телевизија од понеделник до петок во 22 часот.

Улоги: Тува Новотни, Линус Валгрен, Ола Рапас, Сузана Дилбер

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгиската верзија на познатата „La casa de papel“ на Сител по полноќ

Од понеделник до петок во 00.30 часот на Сител место “Тhe Librarians” ќе се емитува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!