Почетна / Серии / Репризно на Телма – „Дол и Ем“, портрет на женското пријателство

Репризно на Телма – „Дол и Ем“, портрет на женското пријателство

 

“Дол и Ем” – секоја недела репризно на Телма

 

Секоја недела на Телма околу 17 часот ќе се репризира британскиот ситком “Дол и Ем”, емитуван минатава сезона на оваа фреквенција во 12 продолженија.

 

 

Серијата ја осмислија, а и глумат во неа Емили Мортимер (Newsroom, Shutter Island, Match Point) и нејзината најдобра пријателка од приватниот живот Доли Велс (Spy, Bridget Jones’s Diary). Покрај нив две кои ги толкуваат главните улоги, во серијата се појавуваат и низа познати актери во епизоди улоги како Сузан Сарадон, Енди Гарсија, Џон Кјузак итн.

 

 

“Дол и Ем” е интимен и хумористичен портрет на женското пријателство. Дејството се одвива во Лос Анџелес, каде се упатила Ем со цел да создаде кариера во Холивуд. Решена да го сними својот филм, на Ем и е потребен асистент и така ја вработува Дол.

Од време на време, серијата е горко-слатка, понекогаш пресмешна, а понекогаш и емотивна. Секоја епизода е приказна за себе.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!