Почетна / Серии / Оваа есен на Телма ја следиме крими серијата за мексиканските „Наркоси“
Од понеделник до петок во 22.40 часот - уживаме со возбудливата серија за опасните наркоси од Мексико

Оваа есен на Телма ја следиме крими серијата за мексиканските „Наркоси“

Po Колумбија, продуцентите на “Наркос” се преселија во Мексико. Како започна и како се развиваше илегалната трговија со дрога, oвојпат во Мексико? Дали е истиот почеток како во Колумбија,ж или овојпат војната на картелите се одвиваше по сосема поинакви правила?

Од понеделник, 25.октомври 2021 година, телевизија Телма  ќе ве потсети на првата сезона од “Наркос : Мексико”, по чие завршување следува премиерно втората сезона од оваа одлична крими драма.

Во мексиканските наркоси, се запознаваме со Мигел Анхел, бивш мексикански полицаец кој решава да формира бизнис империја во Мексико, благодарение на шверцот со марихуана.

Затоа што мексиканската војска ги уништува илегалните полиња во Силаоа, Мигел Анхел му предлага на главниот нарко бос во Силаоа да го преместат бизнисот во Гвадалахара. Така започнува неговата авантура на патот кон формирање на моќниот мексикански картел Гвадалахара.

Но, од другата страна, картелот ќе се соочи со американската институционална и полициска формација, која мора да го сопре нелегалниот шверц меѓу границите. Затоа, во Гвадалахара е пратен младиот ДЕА агент, Кики Карамена. Ќе успее ли тој да го порази Мигел Анхел и да застане на страната на правдата, покрај толку корумпирани мексикански власти?

Улоги : Michael Peña, Diego Luna, Tenoch Huerta Mejía, Alyssa Diaz, Joaquín Cosío, José María Yazpik, Matt Letscher, Ernesto Alterio​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американскиот ситком „Судење и грешка“ репризно на Телма

Oд понеделник до петок на Телма во 11.30 часот ќе се репризира американскиот ситком “Trial …

error: Содржината е заштитена!