Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Шампионите ќе ве забавуваат за викенд на Сител во „Britain’s got Talent“

Шампионите ќе ве забавуваат за викенд на Сител во „Britain’s got Talent“

Популарното британско шоу “Британија има талент” се враќа на телевизија Сител со сезоната за шампионите на Британија. Секоја сабота и недела во 14 часот, оваа есен ги следиме најневеројатните таленти кои ќе ве остават и вас подзинети.

Водителскиот пар Ент и Дек овој пат имаат задача да ни презентираат веќе познати таленти за глума, пеење, гимнастика, игра, магионичарство или некоја друга способност, кои се покажале во некои од претходните сезона на британскиот Талент.

Сајмон Кауел, Аманда Холден, Дејвид Валајмс и Алеша Диксон се судиите кои остануваат запрепастени со новите и изненадувачки настапи на веќе познатите таленти.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва гласаме за бројот 1 на 145 333 за победа на Мики во „Гранд“

Македонскиот идол Мики Секуловски е еден од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент …

error: Содржината е заштитена!