Почетна / Телевизија / Операторите се заканија дека ќе ги исклучат македонските телевизии

Операторите се заканија дека ќе ги исклучат македонските телевизии

По најавата на министерот Maнчевски за формирање фонд за финансиска помош на петте приватни телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат), реагираат кабловските оператори. Тие негодуваат поради најавата затоа што неформалните информации говореле дека фондот за македонските телевизии би се полнел од приходотот на операторите.

Од тие причини денес до нив доставивме допис со кој бараме да се изјаснат за нивната намера доколку не добиеме официјална информација до утре ќе сметаме дека владата планира да ја донесе спорната уредба без да не информира. Како знак на протест на таквата незаконска и неуставна одлука ние, ќе пристапиме кон исклучување на дел од програмата на сите македонски телевизиски канали. Исто така ќе поднесеме и барања за раскинување на договорите за реемитување на истите телевизии со што нема да имаме обврска да плаќаме за нешто кое нашите корисници не го гледаат“. – се вели во барањето доставено до владата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ со пријава до ОЈО Скопје за заканите кон новинарот на Канал 5

По емисијата од средата (19 март) на “Само Вистина”, новинарот и уредник Александар Видиновски добил …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!