Почетна / Сапуници / Фернандо Колунга и Вилијам Леви во нови серии на Телемундо

Фернандо Колунга и Вилијам Леви во нови серии на Телемундо

По пандемијата, за следната сезона, познатата латиноамериканска продукција Телемундо планира продолжување со снимање на нови проекти.

Нивната последна теленовела е “Бети во Њујорк”, адаптација на познатите серии како Грдата Бети, Грдата Лети, Не давај се Нина…  По римејкот на Бети, за следната сезона, оваа продукција планира снимање и на уште еден римејк од истиот автор кој ја создаде Бети. Се работи за нова верзија на познатата “Кафе со арома на жена”, емитувана во Македонија на Канал 5 телевизија.

Покрај оригиналната приказна, имавме прилика да ги следиме и римејкот на Телевиса – Опиени од љубов (Сител), како и популарниот римејк на Ацтека – Кога ќе бидеш моја (А1). Во најновата верзија на Телемундо, се планира главната улога да му припадне на згодниот Вилијам Леви.

Освен овој римејк, на Телемундо следува римејк и на чилеанската теленовела “Dónde está Elisa”, чија турска верзија беше емитувана на малите екрани под наслов “Каде е ќерка ми?” (Канал 5).

И познатиот мексикански актер Фернандо Колунга преминува во Телемундо. Во новата акциона серија “Malverde, El Santo Patrón”, тој ќе ја толкува улогата на спасителот на селото Синалоа, во кое царуваат наркосите и криминалците.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Прочитајте зошто Селим од „Сахра“ се откажал од актерството

Инанч Омер Бенлиоглу е 36 годишен турски актер, кој во моментов го гледаме во улогата …

error: Содржината е заштитена!