Телевизија 24 има нов главен и одговорен уредник откако досегашниот Младен Чадиковски се повлече од функцијата. Познатиот новинар и водител Огнен Јаневски станува главен уредник на ТВ 24. За новата функција, Јанески ќе каже :
– Благодарам за довербата од моите колеги и колешки од новинарскиот, техничкиот и од програмскиот кадар, коишто ја посочија довербата во мене, за заедно, како колектив да преземеме обврска за понатамошни издигнувања. Колективот се живее. И така и ќе биде. И особена благодарност и најголем наклон до сите мои гледач(к)и! Зашто без нив, јас никогаш немаше да бидам тоа што сум! ![]()

Чадиковски, пак, беше избран за претседател на Здружението за новинари на Македонија, но ќе остане во тимот на 24ка, но поради тоа што треба да се посвети на обврските и предизвиците во ЗНМ нема да може да ја извршува уредничката позиција.
Телевизија 24 е една од најбрзорастечките телевизии во Македонија, која успеа да ја стекне довербата на граѓаните благодарение на информативната програма. Од оваа сезона, програмата на 24ка е збогатена и со многу забавни емисии, српски квиз, италијанска сапуница и возбудливи американски драми.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
