Почетна / Сапуници / Актерот проговори за жешката секс сцена во „На граница“

Актерот проговори за жешката секс сцена во „На граница“

Новата хрватска комедија “На граница” ексклузивно ни ја носи Сител телевизија секоја сабота и недела во 18 часот. Уште првите секс кадри на серијата ги оставија гледачките ширум регионот со отворени усти, а во кои го гледавме полицаецот Марко во кревет со ќерката на мафијашот.

Улогата на Марко ја игра познатиот хрватски глумец Филип Јуричиќ, за кого снимање на провокативни сцени не претставувало никаков проблем.

Целиот тим работи едногласно на овој нов проект. Продукцијата, сценаристите, сите колеги глумци, нивните асистенти, реквизитери, статисти… буквално сите сме посветени на “На граница” и професионално ја извршуваме секоја задача. Па така, и таа со секс сцената во првиот кадар на серијата.

Тоа не ми беше никаков проблем, а згора на тоа сакавме уште во старт да привлечеме многу гледачки. Мојот лик се вика Марко. Тој е згоден, шармантен и способен млад полицаец со добра социјална интелигенција. Во следните епизоди ќе видите многу интересни ситуации од кои тој ќе мора да се извади како знае и умее. Но, Марко е слаб на девојки и жени врзани со криминал, хаха. Па и во следните епизоди ќе гледате врели сцени со него. – кажува актерот за неговата улога во серијата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои …

error: Содржината е заштитена!