Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Oбјавени песните за хрватскиот избор за песна на Евровизија

Видео | Oбјавени песните за хрватскиот избор за песна на Евровизија

Хрватските медиуми објавија дека хрватскиот избор за Евровизија 2024 Дора, нема традиционално да се одржи во градот Опатија. Градот Опатија ја дал следната изјава за медиумите:

“Во однос на фестивалот Дора 2024, ХРТ вербално не информира дека не е во можност да го организира изборот во Опатија. Бидејќи организатор на проектот е ХРТ, тие ќе испратат и писмен допис до градот Опатија во врска со ова и наскоро преку прес информација ќе дадат повеќе детали за наредното издание на фестивалот.”

Околу 200 песни беа доставени за Дора 2024 од кои експертското жири одбра 24 песни. По скоро една деценија за првпат ќе има и полуфинале на Дора поради големиот интерес.
Ланските претставници Let 3, годинава повторно ќе настапуваат со песната “Babaroga”, од другите познати хрватски пејачи присутни се и: ET, The Splitters, Marcela, Barbara Munjas, како и Дамир Кеџо со песната “Voljena ženo” кој требаше да ја претставува Хрватска во 2020 година кога Евровизија беше откажана поради ковид пандемијата.

Од денеска ХРТ ги објави во целост песните и тие ќе се емитуваат секојдневно на хрватското радио до фестивалот Дора 2024. Македонија по вторпат не учествува на Евровизија, и ни останува да гледаме и да навиваме за најдобрите песни од земјите во регионот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора најави враќање на големата сцена на Евросонг

Јавниот ТВ сервис на Црна Гора, РТЦГ најави враќање на Евровизија 2025. Во својот план …

error: Содржината е заштитена!