Почетна / Филм / „Hotel Transylvania“, анимиран филм со урнебесно комичен расплет

„Hotel Transylvania“, анимиран филм со урнебесно комичен расплет

ТВ Пакет во соработка со Филмска анализа ви претставува осврт на филмот “Хотел Трансилванија”, за што читате во продолжение :

Кевин Хејгман (Kevin Hageman) ја напиша иновативната приказна Хотел Трансилванија од која сценаристичкиот тим под водство на Питер Бејнхам (Peter Baynham) го направија овој анимиран филм.

Односот меѓу татко и ќерка тинејџерка послужил како лајтмотив околу кој се развива целиот наратив. Тоа што ретко кој ќе го остави рамногушен е поставувањето на приказната од страна на монструмите, што значи дека луѓето ни најмалку не се претставени во африрмативен контекст. Човечкиот фактор го загрозува опстанокот на мрачните чудовишта и тоа без ни најмала намера да покаже малку толеранција.

Грофот Дракула (Adam Sandler) од руинираниот замок од 1898 година направил засолниште за него и неговата сакана ќерка Мејвис (Selena Gomes). Имено Мејвис е тинејџерка и наскоро треба да го прослави својот 118 роденден, па нејзинот горд татко организира голема прослава каде што ги поканува сите легендарни чудовишта за да имаат неверојатен викенд полн со дружба. На забавата се појавуваат: Франкенштајн (Kevin James), волкот Вејн со семејството (Steve Buscemi), невидливиот човек Грифин (David Spade), мумијата Мареј (CeeLo Green) и многу други.
Внимателно смислената интеракција меѓу протагонистите ја внесува таа минимална доза на драматургија. Особено уверливо изгледа релацијата татко-ќерка, т.е поконкретно односот меѓу заштитнички настроениот татко и слободоумната ќерка во која е присутен тој тинејџерски дух, и со нетрпение чека да се осамостои и да излезе од родителската сенка.
Филмот има динамична приказна, одличен хумор, пристоен заплет и урнебесно комичен расплет.  Музичката подлога е на Марк Мадерсбу (Mark Mothersbaugh) кој веќе има претходно работено на слични анимирани филмови.
| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмска анализа на спортската драма „Dangal“ за сестрите-борци

Режисерот Нитеш Тиварис (Nitesh Tiwari’s) со својот амбициозен филм во времетраење од 2 часа и …