Почетна / МК Сцена / Обединување на „Проект Жлуст“ во Котур оваа среда, на 27-ми

Обединување на „Проект Жлуст“ во Котур оваа среда, на 27-ми

Во среда во „Котур“, повторно се среќаваме со една од најдобрите акустични македонски групи – „Проект Жлуст“ во состав: Иван Бејков – контрабас и бас-гитара; Оливје Самуилан – виола (Франција); Виктор Филиповски – тапани; Ратко Даутовски – перкусии; Иван Иванов – саксофон и кларинет и Џијан Емин – клавијатури.

Овој пат, ќе ги слушнеме композициите на Иван Бејков и Џијан Емин, кои се спој на џез, македонскиот и балканскиот фолклор, звуците на класичната европска традиција, во еден романтичарски манир. Специјален гостин е музичкиот уметник од Франција, Оливје Самуилан, кој беше дел од првата постава на бендот кој важеше за еден од највлијателните состави и кој зад себе остави бројни незаборавни концерти и неколку исклучителни изданија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!