Почетна / МК Сцена / Обединување на „Проект Жлуст“ во Котур оваа среда, на 27-ми

Обединување на „Проект Жлуст“ во Котур оваа среда, на 27-ми

Во среда во „Котур“, повторно се среќаваме со една од најдобрите акустични македонски групи – „Проект Жлуст“ во состав: Иван Бејков – контрабас и бас-гитара; Оливје Самуилан – виола (Франција); Виктор Филиповски – тапани; Ратко Даутовски – перкусии; Иван Иванов – саксофон и кларинет и Џијан Емин – клавијатури.

Овој пат, ќе ги слушнеме композициите на Иван Бејков и Џијан Емин, кои се спој на џез, македонскиот и балканскиот фолклор, звуците на класичната европска традиција, во еден романтичарски манир. Специјален гостин е музичкиот уметник од Франција, Оливје Самуилан, кој беше дел од првата постава на бендот кој важеше за еден од највлијателните состави и кој зад себе остави бројни незаборавни концерти и неколку исклучителни изданија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кантавторот и продуцент Драги Иванов со свој прв албум ‚‚Небо‘‘

Драги Иванов, кој мината година издаде четири песни, ‚‚Успеав‘‘, ‚‚Крута‘‘, ‚‚Спас‘‘ и ‚‚Усни‘‘, вчера, сабота, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!