Почетна / Телевизија / ТВ Лица / Новинарката Наташа Стојановска со трансфер од ТВ 24 во Телма

Новинарката Наташа Стојановска со трансфер од ТВ 24 во Телма

Новинарката Наташа Стојановска од сега ќе ја гледаме во информативната програма на телевизија Телма. Уредничката на ТВ 24 станува дел од политичката дебатна емисија “Топ тема” на Телма, која се емитува од понеделник до петок во 19.15 часот.

По претходното новинарско искуство во А1 и Алсат, следуваше ТВ 24 за Стојановска, каде ги пратеше сите политички случувања од Владата, од кај Претседателот, од Собранието, а забележителни ќе останат и нејзините белешки за случувањата во Парламентот на 27 април, како и бројните интервјуа во 24 Анализа.

Професионалната надградба, Стојановска ја продолжува овојпат во Телма по поминати повеќе од 2 ипол години во 24ка.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина Гордана Стошиќ, поранешната директорка на МРТ и Скај Нет

На 63 години, почина Гордана Стошиќ, новинарка и поранешен генерален директор на Македонската радиотелевизија. Стошиќ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!