Почетна / Забава / Во продажба влезниците за новата сезона на Филхармонија

Во продажба влезниците за новата сезона на Филхармонија

Од 9 септември, Филхармонија на РСМ ќе ги пушти во продажба влезниците за свеченото отворање на Концертната сезона 2019/2020. Како и во изминатите години, и годинава Филхармонија нуди промотивна сезонска блок влезница, во која влегуваат сите концерти кои се дел од програмата во периодот септември 2019 – јуни 2020, вклучувајќи и неколку ексклузивни концерти.

Доколку влезниците се купуваат индивидуално, цената за сите концерти изнесува 13.000 денари. Доколку се резервира годишна блок влезница до 15 септември, обезбедувате промотивен попуст од 30 посто и цената изнесува 9.000 денари. Цената на билетите во редовна продажба, пак, по 15 септември, ќе изнесува 10.000 денари.

Билетарницата на Филхармонија работи секој ден од 10 до 20 часот, како и во сабота од 10 до 14 часот. Со еден од најдобрите пијанисти денес, врвниот Александар Мелников од Русија, и славниот маестро Антони Вит од Полска зад диригентскиот пулт, на 26 септември во 20 ч., почнува новата концертна сезона на нашата институција, чиј слоган годинава гласи „Моја бесмртна љубов”.

Концертот на отворањето е насловен „Моќта на Заратустра”, а ќе бидат изведени двете грандиозни дела: Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Лудвиг ван Бетовен и „Така зборуваше Заратустра” од Рихард Штраус.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!