Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / По британската верзија, Сител ќе го емитува и „America’s got talent“

По британската верзија, Сител ќе го емитува и „America’s got talent“

По завршување на “Британија има талент”, Сител телевизија ќе ни ги претстави најновите таленти, овојпат од Америка. Последната 14-тата сезона од забавното светско шоу “America’s got talent” од недела (22 март), ексклузивно на Сител во 14.30 часот.

Сајмон Коуел, кој всушност е креатор на шоуто и извршен продуцент, и во оваа верзија го гледаме како дел од стручното жири, а него друштво му прават Хауви Мендел, Габриела Јунион и Џулијан Хаф. Водител домаќин е познатиот актер и комичар Тери Круз.

Какви таленти ќе ни понуди Америка? Ќе преовладуваат пејачи, танчери, комичари, магионичари, акробати… но кој ќе го освои жирито, ќе настапи во емисиите во живо и ќе успее на крајот на освои 1 милион долари и да добие свое шоу во Лас Вегас?

Кој е американскиот талент за 2019-та година, гледаме секое неделно попладне на Сител. Оваа пролет и лето, уживајте во неверојатните и уникатни настапи во шоуто “Америка има талент”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од ТВ емисијата „Диетално максимално“ на Канал 5

Ги пробавте сите диети за кои слушнавте, но не ви дадоа ефекти? И вие сте …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!