Почетна / Телевизија / Нови емисии на српската „Работна акција“ вторник и среда на Алфа

Нови емисии на српската „Работна акција“ вторник и среда на Алфа

Нови епизоди на Алфа телевизија од српската телевизиска емисија која се занимава со социјални проблеми.  “Работна акција” продолжува со нови хумани дела секој вторник и среда на телевизија Алфа, веднаш по “Дубровничка зора” во 20.50 часот.

Се смета за прва српска емисија од хуманитарен карактер, која во Србија се емитува од 2010 година на Прва српска телевизија и е правена по лиценца на американската емисија Extreme Makeover: Home Edition.

Риалити емисијата има хуманитарна цел – да помогне на оние семејства кои живеат во тешки животни услови. Секоја епизода е приказна за себе во која се прикажува тешката животна состојба на некое српско семејство, соочено со сиромаштија, болест, некоја непогода и слично.

Работна акција

Новата сезона, и овој пат, е полна со емоции и хумана акција на дело. Екипата на „Работна акција“ во оваа сезона ќе помага таму каде што е најпотребно.Гледајте на Алфа телевизија, со почеток од 20:50ч.

Gepostet von Alfa Televizija am Dienstag, 22. Januar 2019

 

Емисијата ја води Тамара Грујиќ која на почетокот на секоја емисија доаѓа во куќата на семејството, им кажува да преноќат кај роднини или пријатели и за пет дена да се вратат дома. За тие пет дена, мисијата на Работна акција има за цел да ја реконструира целата куќа. Во тие денови, доаѓаат мајстори и волонтери кои сакаат да помогнат и ги прават сите потребни поправки и задачи што треба да се завршат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!