Почетна / Сапуници / „Горчлива одмазда“ – нова португалска новела на Телма во 17:30 часот
Oд понеделник до петок на Телма пред централните вести - "Горчлива одмазда"

„Горчлива одмазда“ – нова португалска новела на Телма во 17:30 часот

“Горчлива одмазда” е португалска теленовела која ја доби интернационалната награда ЕМИ за најдобра теленовела во 2018-та година. Ексклузивно сега и во Македонија.

Снимана е во Португалија и Бразил, а дел од сцените и во Мадрид, Шпанија. Oд понеделник до петок во 17.30 часот се емитува на Телма телевизија, а репризните изданија се за викенд. Во продолжение прочитајте ја содржината на оваа интригантна љубовна теленовела :

Зе Марија е убав и паметен дечко, син на Жоао – шеф на финансискиот оддел во мултимилионската банка на прочуеното банкарско семејство Фереира де Фонсека. Скандалот со опасно заплеткана мрежа на криминал, корупција и перење пари ќе го промени животот на Жоао и неговиот син.

Поради тоа што медиумите веќе шпекулираат со името на финансовиот директор вмешан во злоупотребата на капитал, Жоао не сака да се валка неговото име и му се заканува на дон Мигел Фереира де Фонсека, моќникот и сопственик на банката, дека ќе им ги открие сите валкани бизниси и игри.

За дон Мигел не постои друг начин да го спречи Жоао да проговори, па затоа испраќа платен убиец да го убие и него и целото неговото семејство. Единствен кој преживува и паѓа во кома од куршумот е синот Зе Марија. По неколку месеци, Зе Марија се буди од кома, но не може да се сети што се случило кобната ноќ. Се опоравува, ја запознава и се вљубува во Биа, ќерката на дон Мигел. Двајцата доживуваат страстни и магични мигови заедно, славејќи ја големата љубов.

Но, кога сеќавањата почнуваат да му се враќаат, тој сфаќа дека големиот банкар дон Мигел е виновник за смртта на неговото семејство, но овојпат, повторно, дон Мигел е решен да го тргне Зе Марија од патот и со тоа и последниот член на семејството на Жоао кој може да му ја загрози иднината и бизнисот.

Зе Марија е приморан да избега подалеку од тие убијци и така заминува за Бразил, оставајќи ја Биа разочарана и потиштена од разделбата. Во Бразил се менува животот на младото момче. Случајната средба на Зе Марија со еден богат ранчер од Амазонија на кој ќе му го спаси животот, ќе го промени овојпат неговиот живот. Зе Марија и ранчерот стануваат блиски пријатели, па по смртта на ранчерот, Зе Марија е тој што го наследува целото негово богатство и бизнисот со говеда и соја на имотот “Оуро Верде” (Горчлива одмазда).

Години подоцна, Зе Марија станува богат и моќен бизнисмен, кој под сосема друг идентитет решава да се врати во Португалија и да ја одмазди смртта на неговото семејство. Сега тој е Жорже, човекот кој по секоја цена е подготвен да ја исчисти честа на неговиот татко и да ја докаже правдината.

Затоа, тој купува голем удел на акции во банката на Фереира де Фонсека со што го привлекува вниманието на сите акционери, директори и инвеститори. Никој не може да претпостави кој е мистериозниот богаташ, кој е дојден да ги исправи неправдите од минатото. Повторната средба со Биа ќе ги разгори старите страсти и ќе ја врати љубовта во живот.

Но, ќе може ли Жорже да ја сака ќерката на убиецот на неговото семејство? Ќе може ли Биа да му прости на одмаздникот во кој се вљубила, а чија една и единствена цел е … горчливата одмазда кон нејзиниот татко?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Емир и Рејхан од серијата „Ветување“ и приватно во врска

Озге Јениз (27) и Ѓокберг Демирчи (31) се главните протагонисти на турската сапуница “Ветување”, која …

error: Содржината е заштитена!