Почетна / Филм / Македонската комедија „Панкот не е мртов“ на 4. јануари на МТВ 1

Македонската комедија „Панкот не е мртов“ на 4. јануари на МТВ 1

 

Среда (04.01.2017), 22:40 часот – мк филм на Прва

 

“Панкот не е мртов” е во режија на Владимир Блажевски, а главните улоги ги толкуваат Јордан Симонов, Тони Михајловски, Камка Тоциновски, Џевдет Јашари, Кирил Поп Христов, Владимир Тулиев.

 

 

Главните ликови во оваа црна комедија се панкери кои се намерно оставени на маргините во матното време на македонската транзиција. Мирса е остарен панкер кој се бори со секојдневнието Скопје. Во раните 1990 се распаднала неговата рок-група, која тогаш имала култен статус. Еден ден, Мирса добива понуда, заедно со неговата стара група, да свири на прослава во Дебар. Тој се согласува и тргнува во потрага по другите членови на групата, а во тоа му помага поранешната девојка.

 

 

Некои членови на групата се сè уште во Скопје, но некои ја напуштиле Македонија за време на војната и распадот на поранешна Југославија. Да се покаже како живеат панкерите е предизвик за секој кој претставува моќ и власт на Балканот.

 

 

Награди:

– „Кристален глобус“ за најдобар филм во програмата „Источно од Западот“ – Меѓународен филмски фестивал Карлови Вари, 2011

– Награда за најдобар филм и МЕДИА награда – Филмски фестивал Тирана, 2011

– Најдобра улога/ Јордан Симонов – Филмски фестивал Прифилмфест, Косово, 2011

– Награда „Дијалог за меѓукултурни комуникации“ – Меѓународен филмски фестивал Котбус, Германија, 2011

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утринско кино на ТВ 24 – детски авантури, европски саги и светски класици

Возбудливи детски авантури, љубовни романси, европски филмови и светски црно-бели класици ќе гледате во утринското …