Почетна / Телевизија / Нов проект на МТВ и ЕУ за медиумската писменост на младите

Нов проект на МТВ и ЕУ за медиумската писменост на младите

Секоја сабота во 13.25 часот на првиот канал на државната телевизија ќе се емитува нов домашен серијал за новата технолошка петта постиндустриска револуција.

Емисија која ќе ги образува младите како да пливаат во виртуелниот свет и морето од информации. „Медиатека“ треба да ги научи најмладите да ги препознаваат лажните вести, внимателно да „сурфаат“ на социјалните мрежи и да ги користат интернет-алатките, а дигиталната технологија да биде во нивна полза.

„Медиатека“ е проект за медиумска писменост кој е во соработка со Европската унија и Македонскиот институт за медиуми, а во емисијата ќе говорат и познати европски јавни личности кои ќе говорат за предностите и недостатоците на технологиите, користењето на компјутерите, паметните телефони итн.

https://www.facebook.com/mtv1.promo/videos/272298763436000/?t=15

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ΜΡΤ во 2024-та со најдобар финансиски резултат во последните години

Во 2024 година вкупните приходи на МРТ биле значително повисоки отколку во претходните години, согласно …

error: Содржината е заштитена!