Почетна / Сапуници / Фото | Почина дечкото на Бренда од серијата „Беверли Хилс”

Фото | Почина дечкото на Бренда од серијата „Беверли Хилс”

Американскиот актер Дејвид Гејл почина на 58-годишна возраст. Актерот беше познат по улогата на богатиот Стјуарт во популарната серија “Беверли Хилс”, каде толкуваше дечко и свршеник на главната јунакиња Бренда Волш во текот на неколку епизоди.

Тажната вест ја потврдија неговиот долгогодишен пријател Питер Фериеро, како и неговата сестра Кејти Колменарес. Сепак, причината за смртта на актерот не е јавно објавена.

“Едвај да има ден во мојот живот кога не си бил покрај мене. Секогаш мој лидер, мој најдобар пријател, подготвен да се соочи со се и секого. Секогаш ќе те чувам толку цврсто во срцето секој ден”, напишала Кејти на Инстаграм.

Гејл беше познат и по улогата на др. Џо Сканлон за време на две сезони на „Порт Чарлс“, а македонската публика го памети и по главната улога во “Дружината на Робин”, серија која се емитуваше секој петок на МРТ 1, …

… како и во познатата сапуницa “Савана”, прикажувана на А1.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дознајте во кој термин на Телма ќе се емитува новиот хит со Вилијам Леви

Телевизија Телма наскоро започнува со емитување на новата колумбиска теленовела со познатиот латиноамерикански актер во …

error: Содржината е заштитена!