Почетна / Сапуници / Невиден наплив на турски серии во Србија, Бугарија, Хрватска, Босна

Невиден наплив на турски серии во Србија, Бугарија, Хрватска, Босна

Како никогаш претходно, српските телевизии откупуваат и емитуваат турски серии. Ако во Македонија одамна помина времето кога на сите канали се емитуваа турски серии и тоа со премиери многу повеќе од денешните, изгледа таквата ситуација тек сега пристигна во соседна Србија.

Телевизија Хепи откупи десетици нови турски серии, а примерот го следеа и Пинк и Прва телевизија кои на големо прикажуваат турски серии во текот на целиот ден. За разлика од кај нас, таму не се емитуваат премиерни играни филмови, ниту европски и американски серии како што е случајот со наши Сител и Телма.

Па така, освен стандардните риалити емисии со сомнителен квалитет, сега Србите ќе се “забавуваат” и со турски серии од јутра до сутра.

Ситуацијата не е ништо поразлична ни во Хрватска чии телевизии важеа за едни од најквалитетните на Балканот. Моменталната ситуација го говори спротивното, па така на приватните Нова и кабловскиот канал на РТЛ “врие” од турски серии во ударни термини.

Ако во Србија и Хрватска оваа ситуација е навидум нова и неочекувана, во земји како Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина … турски серии се емитуваат во континуитет.

Таму освен дневни турски сапуни и прајмтајм турски драми, се прикажуваат дури и историски воени серии.

Во Бугарија на главните канали се емитуваат турски сапуници преку ден, додека на вторите канали на телевизиите, таквите серии одат и во прајмтајм со репризи неколку пати во денот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопругата на Езел му го честиташе неговиот 50-ти роденден

На 18-ти јуни 2024 година, Кенан Имирзалиоглу, еден од најпознатите турски актери, пмоментално актуелен по …

error: Содржината е заштитена!