Почетна / Серии / „Падот на витезот“ репризно на Телма – историска серија за Темпларите

„Падот на витезот“ репризно на Телма – историска серија за Темпларите

„Knightfall“ започнува по падот на градот Акра – последното упориште на Темпларите во Светата Земја, каде што е загубен Светиот Грал.

Години подоцна, се појавува траг што ја открива можната локација на Гралот и ги води Темпларите, предводени од благородниот, храбар и тврдоглав витез Темплар Ландри (Том Кален, „Downton Abbey“, „Gunpowder“), на мисија на живот или смрт за да ја пронајдат изгубената „Чаша на Христос“.

Од нивните битки во Светата Земја, преку судирите со францускиот крал, па сè до мрачните настани кои довеле до пропаста на Редот на Темпларите на петок 13-ти, 1307 година – датум кој подоцна станал синоним за несреќа – приказната за витезите Темплари никогаш не била целосно раскажана сè до сега.

Фокусирајќи се на теми како вера, жртвување, политика, љубов, моќ и одмазда, „Knightfall“ длабоко нурнува во тајниот свет на ова легендарно братство на воини-монаси за да открие кои биле тие, како живееле и во што верувале кога загинале.

Од понеделник до четврток на Телма во 23.30 часот. Серија на Хистори Ченл.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српската трилер серија „Вера“ секоја недела навечер на МРТ 1

Оваа серија е шпионски трилер со елементи на мелодрама инспирирана од вистинската приказна за српската …

error: Содржината е заштитена!