Почетна / Телевизија / Наместо Велигден, МТВ на интернет сајтот сѐ уште празнува Нова година

Наместо Велигден, МТВ на интернет сајтот сѐ уште празнува Нова година

Интернет страната на Македонската телевизија како да застанала во времето. Од почетокот на јануари оваа година, програмската шема и содржини на сајтот не се ажурираат. Па така, доколку отворите програмски распоред на сајтот на МТВ може да видите дека телевизијата ќе емитува Преспав – новогодишно издание, новогодишни џинглови, новогодишни бајки и емисии со Дедо Мраз. Во филмската програма, сѐ уште стојат филмови кои се емитувале за божиќните празници.

Покрај програмските содржини, ретко се менуваат и вестите на сајтот. Па така, на mrt.com.mk, Јувентус сѐ уште се бори во Лигата на шампиони. Наместо Јавен сервис кој ќе излезе во пресрет на граѓаните на оваа земја, ние имаме телевизија која не нуди никаква информација и сервис за своите гледачи, доколку одличиле да се информираат за програмата на МТВ преку интернет сајтот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма вработува новинар-уредник за веб сајт и контент креатор

ТВ Телма вработува новинари на работна позиција новинар-уредник на веб страната www.telma.com.mk. и content creator …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!