Почетна / Филм / Романса, комедија, трилер и панк во летното кино на Телма

Романса, комедија, трилер и панк во летното кино на Телма

Секој ден филм на Телма во 22.15 часот. Ви ги презентираме филмските наслови за следнава седмица кои ќе ги емитува ТВ Телма :

недела (7 јули) – The face of love (2013)

Ники го изгуби сопругот, нејзината единствена љубов, но кога го сретна Том сфати дека кога љубовта ќе те напушти втората шанса ќе те најде.

Том е речиси идентичен како нејзиниот поранешен сопруг, а таа почнува да верува дека нејзиниот сопруг всушност никогаш не починал… За неа е тешко да живее со минатото во сегашноста, а за него несфатлива нејзината љубов. Љубовната драма “Лицето на љубовта” беше претставена на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто во 2013 година.

понеделник (8 јули) – Admission (2013)

Да се влезе на најпрестижниот универзитет не е лесно, особено кога таа што одлучува е непопустлива. Еден нетипичен студент ќе го ‘извади’ нејзиниот живот надвор од контрола…Тина Феј и Пол Рад во романтичната комедија “Приемен”.

вторник (9 јули) – Mystic river (2003)

Животите на тројца мажи кои се пријатели од детството се разнишани кога еден од нив доживува лична трагедија од непознати сторители.

Триесет години подоцна, трагедијата е повторно на прагот на нивните животи. Филмот е добитник на две награди „Оскар“ а работен по роман на Дениз Леан. Шон Пен го гледаме во исклучително квалитетниот психолошки трилер кој ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.

среда (10 јули) – Grudge match (2013)

И Били „Кид“ и Хенри „Рејзор“еднаш беа на врвот но 30 години подоцна треба уште еднаш да влезат во рингот за да видиме кој е навистина најдобар. Неочекуваното медиумско лудило ќе го претвори мечот во настан кој се исчекува. “Пресметка на легендите” Силвестер Сталоне и Роберт де Ниро во комедијата на Питер Сегал.

четврток (11 јули) – Scouts guide to the zombie apocalypse (2015)

Тројца извидници, во пресрет на нивното последно кампување, го откриваат вистинското значење на пријателството кога се обидуваат да го спасат својот град од појава на зомби. Американска зомби комедија во која чудовиштата не биле никогаш посмешни, а желбата да се спаси човештвото ќе ги истакне нивните извиднички вештини.

петок(12 јули) – Панкот не е мртов (2011)

Во балканското петок кино на ред е македонски филм на Владимир Блажевски со музика на Александар Пејовски.

Во раните 1990-ти се распаднала рок-група на Мирса, која тогаш имала култен статус. Еден ден тој добива понуда заедно со неговата стара група, да свири на една прослава во Дебар. Тој се согласува и тргнува во потрага по останатите членови на групата, а во тоа му помага неговата поранешна девојка.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германскиот биографски филм за „Саканите сестри“ на ТВ 24

Германската биографска драма “Die geliebten Schwestern” за познатиот творец и неговите љубови, оваа сабота (29 …